Skip to main content

Обраќање на македонскиот претседател пред Генералното собрание на ОН

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов денеска во Њујорк треба да има обраќање пред учесниците на 64-тото Генерално Собрание на Обединетите нации.

George Ivanov
Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов денеска во Њујорк треба да има обраќање пред учесниците на 64-тото Генерално Собрание на Обединетите нации.

UNИванов, како што е најавено во својот говор ќе се осврне и на прашањето за разликите околу името меѓу Скопје и Атина, откако вчера имаше средба со медијаторот на светската организација Метју Нимиц.

Ивановна медијаторот Нимиц му пренел дека Македонија е посветена активно да учествува во процесот што се води под покровителство на ОН.

Македонија очекува да се постигне взаемно прифатливо решение кое треба да го зачува идентитетот, дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани, а кое ќе се базира на евроатланските вредности и принципи на демократијата, рече претседателот Иванов и го информираше Нимиц дека Република Македонија е подготвена да ги продолжи разговорите во оној момент кога нашиот сосед Република Грција ќе биде подготвена на тоа.

{loadposition content9}