Skip to main content

Од 1-ви јули за 0,4 % ќе се зголеми трошокот за струја за 88% од домаќинствата

Реално нема промена на цената.За најголем дел од домаќинствата зголемувањето е под 0,5% и мислам дека не предизвикуваме никакви ценовни шокови, рече диреторот на РКЕ Бислимовски на денешната прес конференција.
 |  инфодеск  | 
Струја

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад , Марко Бислимовски ги објави новите цени на електричната енергија за домаќинствата кои ќе важат од 1 ви јули. Реално нема промена на цената.За најголем дел од домаќинствата зголемувањето е под 0,5% и мислам дека не предизвикуваме никакви ценовни шокови, рече Бислимовски.

Новите цени кога ќе се претворат во потрошувачка, трошокот на домаќинствата за струја ќе се зголеми зависно од тоа во кој блок на потрошувачи спаѓаат.

„ Според оваа одлука која ни ја достави ЕВН Хоум и којашто ја проверивме за 88% од домаќинствата кои влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок, нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми за 0, 4 %, 8% од домаќинствата коишто имаат потрошувачка во трет блок трошокот за електрична енергија на месечно ниво ќе се зголеми за 0,48% и за 4 % од домаќинствата кои според потрошувачка влегуваат во четвртиот блок нивниот трошок ќе се зголеми за 0,57%. Цената по киловат во првиот блок останува иста, во вториот блок има поскапување од 0,85%, третиот блок поскапува за 1,92% и четвртиот блок 1,88%. Цената на евтината тарифа се зголемува за 0,65%.“ – кажа Бислимовски.