Од 1-ви септември поскапуваат дел од поштенските услуги во меѓународниот сообраќај
Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени во опфатот на универзалната услуга кои ги одобри Агенцијата за пошти се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.
За поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај за писмо, поштенска картичка, печатени работи и мал пакет во меѓународниот поштенски сообраќај по тежински стапки и по зони се одобруваат следните цени за основни, посебни, дополнителни и други услуги:
Новиот ценовник во целост ТУКА.
За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга.
Потребата од зголемување на цените е оправдано од неколку причини – некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени, велат од Агенцијата за пошти. Додаваат дека и вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот (Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Хрватска ) и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.