Закон за управување со пакување и отпад од пакување
Од 1 јули целосна забрана за пластични ќеси
Дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси.
| инфодеск | Македонија
Од 1 јули целосно се забранува продавањето на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси, односно тоа се оние кеси кои во маркет се продаваат за 15 денари. Дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси. Оваа одлука следи откако беше усвоен новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Според истиот Закон ќесите од 2 поскапеа на 15 денари пред година и пол. Сепак за овошјето и зеленчукот, и во маркетите и на пазарите, сè уште се користат пластичните ќеси.