Skip to main content

не` очекуваат ли нови ценовни шокови

Од денес одмрзнати маржите на основните производи и поскапа струја

Tрговците имаат одврзани раце да ги формираат цените. Од Министерството за економија уверуваат дека ќе ја следат состојбата.
 |  инфодеск  | 
маржи основни производи

Одмрзнати маржи за основните прехранбени производи, враќање на ДДВ-то од 10 на 18 проценти за електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и нејзино поскапување, стапуваат на сила од денеска 1 јули.

Ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи беше воведено во април и Владата одлучи мерката да ја продолжи до 30 јуни. Највисоката трговска маржа за лебот, шеќерот, сончогледово масло за јадење се утврди во висина до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 проценти во трговијата на мало. Највисоката трговска маржа за брашно од пченица, макарони и шпагети, ориз, млеко, јајца, урда, сирење кравјо, бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт беше утврдена во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

Од денес оваа мерка повеќе не е на сила и трговците имаат одврзани раце да ги формираат цените. Од Министерството за економија уверуваат дека ќе ја следат состојбата и им порачаа на производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите и домашните цени да се утврдуваат според пазарните цени. Со оглед на тоа дека на пазарот има стабилизирање на берзанските цени на суровинте од увоз и цените на струјата не очекуваат ценовни шокови.

Враќањето на ДДВ на струјата од 10 на 18 отсто, пак, ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка.