Skip to main content

Управа за јавни приходи

Од денеска исплата на „Мој ДДВ“

Исплатата на „Мој ДДВ“ е за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до 2. 100 денари.
 |  инфодеск  | 
Мој ддв

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до 2. 100 денари.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во „Утрински печат“ кажа дека средствата се обезбедени во Буџетоти за првото тримесечје се околу 10 милиони евра.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември 2022год. го утврди Предлог законот со кој лимитот за поврат на ДДВ се зголемува од 1. 800 на 2. 100 денари.
Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, најави Лукаревска.