Skip to main content

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година во терминот од 06:00 до 20:00 часот и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување,.- стои во соопштението од министерството.
 |  инфодеск  | 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година во терминот од 06:00 до 20:00 часот и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување,.– стои во соопштението од министерството.

Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален.

Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат, се вели во соопштението.


За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.