Заштита од пожари
Oд денеска забрана за движење во шумите
Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја.
| инфодеск | Македонија
Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од денес 17 јули 2023 година (понеделник).
Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли, велат од прес службата на владата.