Skip to main content

Од јануари струен удар

Од 1 јануари струјата најверојатно ќе поскапи за 10% до 12%.
Трите енергетски компании, ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, веќе ги доставија до Регулаторната комисија за енергетика остварените и планираните трошоци од работењето, врз основа на кои ќе се крои новата цена на струјата.

 |   | 
strujata poskapuva
strujata poskapuva

strujata poskapuvaОд 1 јануари струјата најверојатно ќе поскапи за 10% до 12%.
На ова вчера укажа вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, кој не шпекулираше за колкав процент ќе поскапи струјата. Џон Герисен од УСАИД изјави дека енергетските компании побарале зголемување на цената на електричната енергија за 12% од 1 јануари идната година.

Трите енергетски компании, ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, веќе ги доставија до Регулаторната комисија за енергетика остварените и планираните трошоци од работењето, врз основа на кои ќе се крои новата цена на струјата. Ниту од Регулаторната комисија, ниту од компаниите јавно откриваат колку ќе поскапи струјата следната година.Во енергетските компании не кажуваат со колкаво поскапување на струјата ќе бидат задоволни. Од Регулаторната комисија за енергетика, пак, изјавуваат дека е прерано да се зборува за корекција на цената на струјата затоа што само пред неколку дена ги добиле трошоците од работењето на енергетските компании. Оттаму велат дека откако детално ќе ги разгледаат пресметките на ЕЛЕМ, ЕВН и на МЕПСО ќе ја определат цената на струјата, која ќе важи од јануари следната година.

{loadposition content9}