Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во синоќешното гостување во „За или против“ на Алфа телевизија, зборуваше за измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, кои со најновите измени предвидуваат испечатениот електронски документ кој што ќе биде изваден од граѓанинот, да има иста важност како и оригиналниот документ. Веќе од вчера секој електронски документ од Националниот портал и другите државни институции може да се употребуваа како оригинал документ.
Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот, а преку оваа можност се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот на Националниот портал за електронски услуги.
-За сите неправилности се предвидува воведување на инспекцискиот надзор (ИКТ инспекција) над примената на законот. Со тоа се обезбедува јасни правила за контролирање на исполнувањето на стандардите и барањата од Законот“, изјави министерот Андоновски.