Skip to main content

Од петок задолжителното носење на зимска опрема во моторните возила

За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри, како и синџири за снег со адекватна големина.
 |  инфодеск  | 
Зимска опрема

Од петок, 15 ноември, почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.

За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри, како и синџири за снег со адекватна големина. За возилата со погон на сите четири тркала под зимска опрема спаѓаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата на гумите од 6 милиметри или летни гуми со длабочина на шарите од најмалку 6 милиметри и задолжително поседување на синџири за снег.

Доколку возите во населено место, а не поседувате во возилото зимска опрема, глоба не се наплатува, бидејќи законот за безбедност во сообраќајот на патиштата поаѓа од фактот дека во градовите има служби за благовремено чистење на снегот од коловозите.

Но, доколку со возилото се движите надвор од населено место и ако тогаш сообраќајната патрола ве запре и контролира, а не поседувате зимска опрема, може да се изрече глоба од 15 евра денарска противвредност. Додека пак со новиот закон за безбедност во патниот сообраќај чија подготовка е во тек, според најавите, се предвидени казни од 45 евра за неносење зимска опрема.