Од полноќ ново поскапување на горивата
Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините и на екстралесното масло за домаќинство се зголемуваат за 7 денари за литар, додека дизелот поскапува за 6,5 денари.
| инфодеск | Македонија
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново поскапување на горивата од ноќеска на полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит/
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 89,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, и новата цена изнесува 92,00 ден/лит.
Од ноќеска се зголемува и цената на мазутот, кој сега ќе чини 47,453 денари по килограм.