Skip to main content

Од полноќ ново поскапување на горивата

Од полноќ зголемување на цените: бензините поскапи за пола денар, а дизелот за еден денар
 |  инфодеск  | 

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). 

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 34,520 ден./кг.

Од поноќ бензинот „евросупер БС-95“ ќе се продава за 73,50 денари/литар, „евросупер БС-98“ – 75,50 денари/литар, дизел-горивото 69,00 денари/литар, маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 денари/литар, и мазутот 34,520 (денари/килограм).