Oд полноќ дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Дизелот горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а за исто толку се зголемува цената на бензините, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
| инфодеск | Македонија

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар, а цената на бензин горивата се зголемува за половина денар, одлучиле членовите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 86,5 денари, а дизел горивото ќе чини 80 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета и ќе изнесува 79,50 денари за литар. Намалување има и кај мазутот.







