Од полноќ поевтинуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информира дека од вечерва, со почеток од полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати.
| инфодеск | Македонија
Oд вечерва, на полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати, објави Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Намалувањето важи за сите видови горива.
Според новиот ценовник, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари по литар и од утре ќе се продава за 74,5 денари. Исто намалување од 0,5 денари има и за ЕУРОСУПЕР БС-98, чија цена ќе изнесува 77 денари по литар.
Дизел горивото – ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – поевтинува за 1 денар и од утре ќе чини 68,5 денари по литар. Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари, со што новата цена ќе изнесува 68 денари по литар.
Цената на мазутот М-1 НС бележи намалување од 0,2 денари и од утре ќе се продава по 39,9 денари за килограм.