Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Од полноќ поскапуваат горивата

Според одлуката на РКЕ, горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат од половина до денар и половина за литар.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Од полноќ поскапуваат горивата од пола до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,50 ден/литар. Дизелот поскапува за денар ипол и тој ќе се продава по цена од 79,50 ден/лит.

Се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,50 ден/лит. Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,620 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена. Новата цена на мазутот ќе биде 40,732 ден/кг.