Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Од полноќ поевтинуваат горивата

Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 3 денари/л. Бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат 2 денари/л.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 % во однос на одлуката од 14.11.2022 година.

Малопродажната цена на „еуродизелот (Д-Е V)“ се намалува 3,00 денари/л. Бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денари/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува 3,00 денари/л, додека мазутот М-1 НС се намалува 1,567 денар/кг и сега ќе изнесува 47,622 денари/кг.

Од 17.11.2022 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „еуросупер БС-95“ – 91,50 (денари/литар)

Моторен бензин „еуросупер БС-98“ – 94,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „еуродизел БС (Д-Е V)“ – 93,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 47,622 (денари/килограм)