Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Од полноќ поскапуваат бензините

РКЕ донесе нова одлука за цените на горивата на нашиот пазар, според која бензините поскапуваат, а цената на дизелот останува непроменета.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС 95 од вечерва на полноќ се зголемува за половина денар за литар, додека цените на Еуросупер БС 98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од полноќ, литар Еуросупер БС 95 ќе чини 88,5 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека екстра лесното масло ќе чини 86,5 денари за литар.

Цената на Еуродизел не се менува, односно дизел горивото и понатаму ќе се продава по цена од 90 денари за литар.