Skip to main content

министерство за транспорт

Од Скопје ќе се лета и до Женева и Париз

Од Министерството за транспорт информираат дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии.
 |  инфодеск  | 
Аеродром Скопје

Од Министерството за транспорт информираат дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли).

Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на авио линии до Истанбул, Базел Мулхаус, Дубаи, Штутгарт, Лион и Барселона и за истите се овозможува финансиска подршка по принципот на патник во доаѓање.