Skip to main content

Пронајдено е присуство на афлатоксин

Од Стокомак се повлекува млекото Милкано

Од маркетите Стокомак упатуваат апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат за да им бидат вратени парите.
 |  инфодеск  | 
Милкано

Од ланецот на маркети Стокомак информираат дека млекото Milkano UHT Млеко со 3,2% масленост, 1 литар LOT FD04 се повлекува од пазарот. Упатуваат апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.

Доколку некој од нашите купувачи има купено од овој ЛОТ го повикуваме да го врати во нашите маркети, ќе им биде надоместен целиот износ. Веднаш е реагирано до производителот кој ни испрати резултати од интерна лабораторија која не соодвеставува со овие резултати. Ние ги почитуваме нашите надлежни институции и истото веднаш е повлечено од промет. Поради овој огромен пропуст нашата компанија повеќе нема да соработува со оваа млекара. Се извинуваме на сите наши ценети потрошувачи за овој пропуст кој нема да дозволиме да се повтори во иднина. Воедно ве информираме дека од овој производ, како и останатите Милкано производи не се спорни во овој случај – информираат од Стокомак.

Пристигна и информација од Храна и ветеринарство во врска со овој случај.

Милкано