Skip to main content

Од утре алкохол ќе се купува само до 19 часот

Од утре, алкохолни пијалоци ќе можат да се купуваат од шест до 19 часот, наместо како што беше овие пет месеци до 21 часот.

 |   | 
alkohol
alkohol
Од утре, алкохолни пијалоци ќе можат да се купуваат од шест до 19 часот, наместо како што беше овие пет месеци до 21 часот.

Според законските одредби, продолженото време за продажба на алкохол, односно до 21 часот, важи од мај до 1-ви октомври.

Законот за забрана за продажба на алкохол во продажните објекти стапи на сила од 1. септември 2008 година, при што имаше бурни реакции од маркетите како и од граѓаните.

Оваа забрана беше усвоена со цел да се намали продажбата на алкохол на млади лица  во текот на вечерните часови.

Казните за оние кои нема да го почитуваат законот се однесуваат со забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.

{loadposition content9}