Skip to main content

Од утре се полага државната матура

Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни.

matura

Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни е полагањето странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19 јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика. Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот.

maturaПрелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.

ДИЦ соопшти дека Државната матура ќе се имплементира согласно со досегашната Концепција за државна матура и завршен испит, односно полагањето на тестовите ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици.