Skip to main content

АМСМ

Од утре забрана за движење на тешки товарни возила за време на викенд

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
 |  инфодеск  | 
колона камиони

Од утре до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната се однесува за следните термини: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.