Skip to main content

Одбраната на Тарчуловски денеска ќе ја обжали одлуката

Адвокатскиот тим на единствениот осуден за време на конфликтот во 2001 година, Јохан Тарчуловски, денеска ќе поднесе жалба за 12-годишната затворска казна.

Johan Tarculoski
Јохан Тарчулоски
Адвокатскиот тим на единствениот осуден за време на конфликтот во 2001 година, Јохан Тарчуловски, денеска ќе поднесе жалба за 12-годишната затворска казна.

Одбраната на Тарчуловски се надева дека ќе успеа сепак да добие ослободителна пресуда, а оптимизмот е дополнително зголемен, откако во тимот се приклучи и познатиот адвокат Ален Дершовиц.

„Пресудата е обжалена по повеќе основи така што основна цел во жалбената постапка ќе ни биде да докажеме и дека трите преостанати жртви во селото Љуботен биле членови на ОНА“, изјави деновиве Антонио Апостолски, адвокат на Тарчуловски.

SheveningenТој потврди дека целта на жалбата е целосно да се поништи пресудата и да се добие ослободителна пресуда за Јохан Тарчуловски.

Невиноста на Јохан ќе се брани со нови докази, а се најавуваат и нови сведоци да се појават пред Трибуналот

Одговорот од Трибуналот во Хаг најрано треба да се очекува во јуни годинава, откако ќе завршат сите рокови предвидени со хашкиот статус.

 

 

{loadposition content9}