Skip to main content

OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со донација за Клиничкиот центар во Скопје

Учениците и вработените во OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со донација за Клиничкиот центар во Скопје каде се хоспитализирани настраданите средношколци од Кочани.
 |  инфодеск  |  ,

Учениците и вработените во OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ денеска испратија донација за Клиничкиот центар во Скопје каде што се хоспитализирани настраданите средношколци од Кочани, а исто така, и донација во Брзата помош во Кочани.

-Донацијата се состои од медицински материјали (физиолошки раствор, алкохол, спрејови за изгореници, тупфери, стерилни гази, завои, анестетици, бетадин, средства за дезинфекција, влажни марамчиња, ампули, памук и сл.), како и ќебиња, јоргани, перници, пижами и пешкири за потребите на центрите каде што се згрижени пациентите. Се надеваме дека барем малку ќе им помогнеме на настраданите и им посакуваме што побрзо закрепнување, стои во нивното соопштение.