SupportKocani
Oфицијално SupportKocani е здружение на граѓани
SupportKocani со избрани тела, јасна мисија и визија, продолжуваат посветено да градат заедница каде секој млад човек е ценет, поддржан и инспириран да создава промени.
| инфодеск | Македонија

SupportKocani на платформата Х информираат дека од сега и официјално се здружение на граѓани, каде со избрани тела, јасна мисија и визија, продолжуваат посветено да градат заедница каде секој млад човек е ценет, поддржан и инспириран да создава промени.
-Нашата прва цел е: помош за сите погодени од трагедијата. Но не застануваме тука. Не очекуваат проекти, партнерства и простории што ќе го охрабрат младинскиот глас, менталното здравје и начин на здрав живот, креативност, едукација и заедништво. Ова не е само здружение. Ова е позитивно движење, велат од SupportKocani.
