Skip to main content

Офицерот ги призна грабежите во Комерцијална банка

Гоце Смилевски (29) од Скопје, осомничен дека на 17.08.2009 и 08.04.2010 година извршил две кривични дела „разбојништва“ во АД „Комерцијална Банка“ во населба Кисела Вода, при што се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 1.705.641 денари, ги призна своите криминални дела.

 |  Маја Савиќ  | 
policija
полиција
policijaОсомничениот, во присуство на Воена полиција на АРМ, го признал и го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Смилевски досега не минува во крим-евиденцијата на СВР-Скопје.

Министерството за одбрана (МО) и Генераштабот (ГШ) на АРМ најостро го осудија чинот на извршеното дело, со кое е нанесена огромна штета на угледот на двете институции. Врз основа на податоците кои ги поседуваат, стручните служби на МО и ГШ на АРМ максимално соработуваат со истражните органи во расветлување на овој случај.

МО и ГШ на АРМ потенцираат дека како и до сега ќе продолжат да даваат целосна поддршка во борбата против криминалот во Република Македонија.

МВР во соопштението денеска појасни дека на 08.04.2010 година околу 17 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ на приземјето од зграда бр.1 Скопје, Смилевски извршил грабеж во експозитурата „Чешма“ сопственост на АД „Комерцијлана банка“, каде со употреба на пиштол и со закана врз животот на вработените, одзел околу 205.641денари.

Осомничениот разбојништвото го извршил на тој начин што прво од касарната „Страшо Пинџур“ лоцирана во село Петровец, каде истиот е вработен како воено лице со чин капетан, без одобрение и знаење на неговите повисоки старешини го изнел неговиот службен пиштол „Црвена Застава“ М-57, калибар 7,62 мм. Од МВР појаснуваат дека на 08.04.2010, околу 16 часот, со неговиот автомобил „Киа“ со скопски регистерски таблички се упатил кон банката, го паркирал во близина и по кратко опсервирање на истата со пиштолот влегол внатре. На вработените им подал кеса и им наредил да ја наполнат со пари, а откако ја зел кесата со пари ја напуштил банката. Дел од украдените пари поточно 13.000 денари, ги уплатил како рата за неговиот автомобил кое го зел на лизинг, 30.000.00 денари уплатил на картичка од АД„Стопанска банка“ Скопје, а заменил околу 750 евра кои и ги дал на неговата мајка како долг на претходна земена позајмица. Остантиот дел од парите ги потрошил во спортски обложувалници.

На 17.08.2009, околу 14.20 часот, во истата експозитура, исто така со употреба на пиштол и закана врз животот на вработените, осомничениот одзел околу 1.500.000. денари. Околу 13 часот од неговиот дом го зел пиштолот, заедно со една маска (фантомка) и пар ракавици и со неговиот автомобил се упатил на ул.„Сава Ковачевиќ“. Возилото го паркирал во близина на банката и по кратко задржување и опсервирање, влегол внатре, каде со закана од вработените одзел пари по што ја напуштил банката. Подоцна дел од украдените пари ги сменил во евра во една од менувачниците, по што се упатил во ГП на АРМ каде уплатил 5.891.50 евра, пари претходно ги зел на име на аванс за службено патување во странство. Смилевски на Н.Т.(45) му дал 76.000.00 денари за претходен земен долг, а вечерта заедно со неговата сопруга заминал на одмор. По враќањето на 04.09.2009 на С.В. од Радовиш за претходен долг му исплатил 178.757.00 денари. Останатиот дел од украдените пари ги потрошил во спортски кладилници.

{loadposition content9}