И официјално “штипската пастрмајлија” стана бренд
Угостителите надвор од Штип кои сакаат на своето мени да ја подготвуваат брендираната „штипска пастрмајлија“ ќе плаќаат посебна сума изготвена по посебен тарифник. Сите субјекти кои подготвуваат пастрмајлија ќе можат да вклучуваат на менито само пастрмајлија а не и изразот, односно брендот „Штипска пастрмајлија“ која согласно укажувањето на Државниот завод за индустриска сопственост се подготвува со заштитен рецепт.
Чинот на брендирање за што беше потребен подолг период доаѓа непосредно пред манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2011“ која ќе се оддржи од 23 до 25-ти септември на улицата „Ванчо Прке“ во Штип. Во текот на оваа недела ќе се организира и средба помеѓу штипските угостители, општината и претставници на Државниот завод за индустриска сопственост во врска со обврските и правилата кои произлегуваат од брендирањето на „Штипската пастрмајлија“.
{loadposition content9}