Официјално започна ИПАРД 3 програмата
Македонија долго време ги користи претпристапните фондови на ЕУ за помош на земјоделците да се натпреваруваат и опстојат на европскиот пазар. Македонија е лидер од земјите во регионот со најголема искористеност на средствата од ИПАРД 2 програмата со високи 98%. Од денес стартува ИПАРД 3 програмата, како и кампањата ИПАРД за Северна Македонија. Без посилно и поконкурентно земјоделство, нема да можеме да се натпреваруваме на големиот европски пазар, а ИПАРД е локомотовиата која не носи напред кон ЕУ, рече ојан маричиќ – Вицепремиер за европски прашања.
Поддршката од ИПАРД несомнено претставува голем поттик за развој на нашето земјоделство, а резултатите во оваа област се видливи на терен. Трактори, машини механизација, опрема, фарми кои го модернизираа своето производство токму благодарение на овие средства и успешната имплемнтација на ИПАРД Програмата“ рече, Бојан маричиќ – Вицепремиер за европски прашања.
Од Ервропската Комисија, Македонија добие дополнителни 97 милиони евра од неповратната ИПАРД 3 програма која важи од 2021-2027 која ќе бидат на располагање за нови инвестиции на македонското земјоделство. Со тоа ќе се зголемува извозот, како и пристапот до поголемите европски фондови.
Ја користам оваа прилика да ги повикам сите потенцијални корисници на новата ИПАРД 3 програма, да дојдат на нашите инфо денови, од утре караванот на ИПАРД ќе биде во секој град, дневно по два градови, ќе дојдеме секаде каде што ќе е побарано во секоја општина и населено место бидејќи до крајот на јуни до крајот на оваа кампања, ќе следи најголемиот повик досега за модернизација на земјоделството и сакаме сите да бидат подготвени“, – повика Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во ИПАРД 2 Програмата ЕУ за Северна Македонија даде 60 милиони евра, за ИПАРД 3, Европската Унија на нашата земја ѝ одобри 97 милиони евра. Тоа се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме. Заедно со кофинансирањето од државата и апликантите вкупната вредност на Програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра, средства наменети за инвестиции во следните 7 години.