Охрид не мирува, серија нови земјотреси
во текот на ноќта и утрово се регистрирани осум земјотреси со умерен до посилен интензитет
Силен земјотрес го потресе Охрид пред полноќ, чија магнитуда беше 4.1 степен според Рихтер. Пред и по него имаше помали потреси со магнитуда помеѓу 2 и 3 степени.
И утрово во 6.30 Охрид и околината почуствуваа силен земјотрес со магнитуда од 3.8 степени според Рихтер, а епицентарот бил помеѓу селата Косел и Јанкоец, ресенско.
Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите кои засега се од помал обем и најчесто се работи за обрушувања на оџаци, доградби, оштетени балкони, ѕидови и слично. До ЦУК до сега пријавени биле штети на околу 200 објекти.
Тлото под Охрид се тресе 18-ти ден. Од 18 јуни до денес во охридскиот регион регистрираани се над 1000 земјотреси.