Охрид полупразен за празнициве
Значително е намален бројот на гостите во Охрид за време на празниците во споредба со другите години.
Значително е намален бројот на гостите во Охрид за време на празниците во споредба со другите години.
Ова во интервју за бугарската агенција Фокус го изјави претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија, Дончо Таневски.
Според информациите на Таневски за време на новогодишните празници во Охрид престојувале близу 10.000 туристи.
“Станува збор за бројка помала во споредба со другите години. Можам да кажам дека кризата се одрази на туризмот во Охрид. Ако минатите години сме угостувале помеѓу 15.000 и 20.000 туристи сега таа бројка се сведува на 10.000”, изјави Таневски за Фокус.
Најголема навалица од гости имало за време на католичкиот Божик и Нова Година, а најбројни биле туристите од Србија, Бугарија, Албанија и Косово.
Најголемиот дел од нив отседнале во хотели или апартмани.
Таневски рече дека на туристичката сезона и работата на угостителските објекти може да се одрази и забраната за пушење што стапи на 1 јануари.
“Треба да помине малку време за да видиме како ќе се одрази забраната за пушење на јавните места. Има колеги кои ќе бидат засегнати од овој закон”, истакна Таневски.
{loadposition content9}