Охридско Езеро и Кањон Матка ќе се прогласат за споменик на природата
Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата.
| инфодеск | Македонија
Македонското Собрание во текот на вчерашниот ден разгледа закони од областа на животната средина во прво читање со кои три природни локалитети во земјава добиваат посебен заштитен статус.
Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата.
Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата, додека за Охридското Езеро ваква одлука беше донесена во почетокот на оваа година.
Второто читање во Собранието се очекува за 7 до 10 дена, по што законите треба да бидат усвоени.