Охридското езеро ќе го сруши рекордот од `68 год.
Водостојот на реките во Република Македонија стагнира, додека нивото на водите во Охридското Езеро е во благ пораст.
Нивото на езерото по вчерашните врнежи порасна и денеска изнесува 17 сантиметри над дозволената кота утврдена со билатералниот договор меѓу Македонија и Албанија.
Надлежните не соопштуваат нов официјален податок, така што засега се објавува вчерашното ниво од 17 сантиметри над горната дозволена граница.
Сепак , се остава можност, езерото денеска да ја достигне критичкаата точка од 18 сантиметри над горната утврдена кота, со што ќе се изедначи со рекордот од 1968. година.
Утринава во Скопје заседава Координативното тело за следење на ситуацијата, по што ќе излезе во јавноста со кон кретните денешни параметри. Од таму не очекуваат поголем пораст, со оглед на фактот што времето се стабилизира, барем кога се во прашање дождовите, а во Струга се испуштаат по 62 литри во секунда од езерските води во Црн Дрим.
Поголем режим ќе ја влоши и така тешката сутуација со поплавениот пат Струга – Дебар, кај Луково, изјави доцна синоќа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Во Охрид, претпладнево допатуваа директорот на Центарот за управување со кризи Панде Лазаревски, заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
{loadposition content9}