Околу 600 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 13.08.2021 до 07.00 часот денеска (14.08.2021), во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила.

Во изминатото деноноќие поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, во с.Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик. Истиот период, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во с.Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Р.Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од с.Броштица. По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.