Skip to main content

Опасни играчки и козметика во продажба

Во 92 отсто од 40-тина козметички производи, кај околу 30 детските играчки и во 33 отсто од 20 проверени средствата за хигиена во домаќинствата е регистрирано присуство на штетни хемикалии.

 |  Маја Савиќ  | 
igracki
играчки
igrackiВо 92 отсто од 40-тина козметички производи, кај околу 30 детските играчки и во 33 отсто од 20 проверени средствата за хигиена во домаќинствата е регистрирано присуство на штетни хемикалии.

Тоа го покажува неколкумесечното истражување за содржината на штетни хемикалии во козметички производи, средства за хигиена во домаќинствата и на детски играчки на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Драгана Угриновска, координатор на проектот „Опасни хемикалии во Македонија“ денеска на прес-конференција информира дека целта на истражувањето е да се информира јавноста за можните штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од козметичките производи, средствата за хигиена во домаќинствата и играчките за деца, како и промовирање на безбедни алтернативи на одредени производи.

Таа посочи дека истражувањето било направено согласно Директивата на Европската унија, а посебно внимание било посветено на производите со македонско потекло.

– Кај козметичките производи е регистрирано присуство на штетни хемикалии – иританти на кожа и очи, алергени и токсични. На голем број производи не е наведен процентот или количеството на одредената хемикалија која се смета за штетна, рече Угриновска.

Во околу 30 детските играчки било забележано присуство на фталати, кои, според Угриновска, емитираат женски хормони и го пореметуваат хормоналниот систем. Фталатите, како што информира, присутни се во, се што е пластично, а тоа овозможува пластиката да е мека и издржлива. Тешки метали, олово и хром имало во дрвените обоени играчки.  

Директорката на „Еко-свест“ Ана Чоловиќ – Лешовска предупреди дека присуство на штетни хемикалии има во козметиката, со апел да се користат традиционални производи.

Таа посочи дека на 33 отсто од средствата за хигиена во домаќинствата, не е наведен составот и оти на поголемиот број не се наведени основните предупредувања за токсичност, штетност за животната средина или човековото здравје.

Чоловиќ – Лешовска најави дека во наредниот период преку косата ќе тестираат присуството на жива во организмот.

Проектот „Опасни хемикалии во Македонија“ чини 3.000 долари, а е финансиран од чешката организација „Арника“.
igracki
{loadposition content9}