Skip to main content

Опозицијата формираше ново парламентарно мнозинство со Беса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави дека има обезбедено ново мнозинство во парламентот со Беса. Тој на Фејсбук вечерва објави фотографија од средбата со Арјанит Хоџа од Беса, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и Димитар Апасиев од Левица.

 |   | 

Имаме ново парламентарно мнозинство. Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Нѐ чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство – соопшти Мицкоски.

И претседателот на Левица, Димитар Апасиев и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вечерва во изјава за ТВ Клан потврдија дека има ново парламентарно мнозинство.

Да, има ново мнозинство. Тоа е официјално. Имаме 61, со тенденција до 64 – рече Апасиев одговарајќи потврдно на прашањето дали новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица.

Пред два дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција рече дека опцијата за формирање ново парламентарно мнозинство во моментов нема да даде нова енергија, ќе предизвика нови раздори, пазарења, коишто ќе го разводнат капацитетот на институциите, коишто во наредниот период ќе треба да се соочат со енергетска криза, експанзија на пандемијата, криза во индустријата и образованието. Поради тоа тој повика на брзи предвремени парламентарни избори со кои ќе се обезбеди цврста и стабилна влада којашто ќе може да се соочи со неколкуте сериозни предизвици коишто ја чекаат државата.