Skip to main content

Општина Битола организира бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк“ како и општествено одговорната компанија за превоз „МИГ Травел“, вчера ја реализираа првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски вчера го посети скијачкиот центар Копанки, каде имаше можност да се сретне со задоволните граѓани кои го искористија организираниот бесплатен превоз и ја поздравија иницијативата на општина Битола, за можноста битолчани да уживаат во убавините на планината. – Реакциите на посетителите беа позитивни, со предлог да се продолжи со ваквите активности од страна на општината и во иднина, информираат од Општина Битола.

Бесплатниот автобуски превоз за ски центрите „Нижополе“ и „Копанки“ ќе се врши секој ден до 17 јануари со две автобуски линии, а патниците може да ги користат обележаните автобуски стојалишта во населбата „Карпош“, ракометно игралиште, Симпо,  Ат пазар, Болница, Бела чешма, улица „Ружа Делчева“, Шехерезада, Орбис, месноста „Црн мост“, Веро и автобуско стојалиште во населба „Довлеџик“.