Општина Охрид дел од проектот „Спортски бон-тон“
Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Целта на овој традиционален спортски настан е да се стави акцент на спортот кај младите, кој заедно со семејството и училиштето е третиот столб на образованието на децата. Преку низа активности ќе се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се надминуваат стереотипите и се зацврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.
Проектот , кој се одржува трета година по ред, е поддржан од Амбасадата на САД. По тој повод Амбасадорот на САД во Македонија , Пол Волерс истакна дека добриот спортски однос, дружењето, соработката и тимската работа никогаш не излегуваат од мода. Тие се основите на кои се надградуваат победничките тимови и успешните заедници ширум светот.
Во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)“ беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.
Оваа година, проектот Традиционални спортски игри „Спортски бон-тон“ ќе се реализира во периодот од јуни до ноември, преку спортско-културни манифестации во шесте општини потписнички на меморандумот.
{loadposition content9}