Skip to main content

Партнерство за конкурентен регион

Општина по мерка на бизнисот

Јавен повик до лидерите на локалните самоуправи за подобрување на работата и ефикасноста на локалната администрација, привлекување инвестиции и побрз развој на постоечкото стопанство преку Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа.
 |  инфодеск  | 
Повик општини

Локалните самоуправи од целиот регион, од денес, можат да се пријават на јавниот повик за учество во Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (BFC SEE) и со тоа да ги унапредат условите за привлекување инвестиции и побрз развој на постоечкото стопанство.

Јавниот повик е објавен од страна на Партнерството за конкурентен регион (CORE Partnership) во соработка со Германската развојна соработка што ја спроведува ГИЗ. Ова е уникатна програма за подобрување на квалитетот на услугите и информациите кои општините во регионот на Југоисточна европа им ги нудат на компаниите.

Повик општини

Програмата им обезбедува на општините јасен патоказ за создавање поволна бизнис средина и воведување на меѓународно признати стандарди за ефикасна и транспарентна локална администрација.

Повикот е отворен за вкупно 50 единици на локална самоуправа од регионот, кои досега не учествувале во оваа програма. Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување се спроведува од 2012 година. Процесот на сертификација е во времетраење од 12 месеци и започнува со обука на тим на локалната самоуправа кој е задолжен за исполнување на поставените критериуми.

Потоа следи процес на евалуација, во кој се оценува моменталната состојба во градот или општината, по што се доставува извештај до раководството со конкретни препораки за унапредување што е потребно да се применат во зададен период. На крај од процесот, независна верификациска комисија проценува дали локалната самоуправа ги исполнува условите за сертификат.

Повик општини

Досега во Македонија ваков сертификат добија Град Скопје, Велес, Струмица, Штип, Илинден, Гази Баба и Богданци, и се меѓу најуспешните локални самоуправи за привлекување инвестиции и развој на локалното стопанство.

Повик општини

Заинтересираните општини може да достават пријава преку веб страницата Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа www.bfc-see.org или да се обратат до ЗЕЛС како надлежен Технички секретаријат за спроведување на оваа Програма во Македонија.

Повик општини