Останавме без кандидат за Оскар
Филмовите на Александар Поповски и на Игор Иванов-Изи не се адекватни да бидат номинирани пред членовите на Американската академија за филмови од неанглиско говорно подрачје, одлучила Комисијата за избор на македонскиот претставник за светската филмска награда на Друштвото на филмските професионалци на Македонија.
Филмовите на Александар Поповски и на Игор Иванов-Изи не се адекватни да бидат номинирани пред членовите на Американската академија за филмови од неанглиско говорно подрачје, одлучила Комисијата за избор на македонскиот претставник за светската филмска награда на Друштвото на филмските професионалци на Македонија.
Продуцентот на „Соба со пијано“, Томи Салковски и режисерот Игор Иванов-Изи се категорични и бараат Горјан Тозија да даде оставка. Членови на комисијата се Тозија, актерите Лабина Митевска и Сашко Kоцев, режисерот Игор Алексов и директорот на фотографија Душан Kардалевски.
Според членовите на комисијата одлуката била донесена едногласно.
За Салковски проблем имало уште при кандидатурата на филмот на Поповски „Балканот не е мртов“ затоа што филмот бил прикажан пред октомври 2012 година, а премиерата на овој филм била на 21 септември, на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, што е спротивно на пропозициите.
Интересно е тоа што филмот „Балканот не е мртов“ се уште не се прикажува во кино.За македонските филмаџии ова е срамен потег на комисијата на ДФПМ која си зема за право да оценува што е адекватно, а што не е.
Со соопштение се јави и „Кино око“, продуцентската куќа на филмот на Поповски.
„Ова е скандал ниту еден кандидат годинава да не ја преставува Македонија на изборот за Оскар. Во врска со регулативата на Американската академија за уметност и условите за кандидирање, ни беше доставена комуникација од страна на претседателот на комисијата Горјан Тозија од која може јасно да се види дека „Балканот не е мртов” ги исполнува условите на споменатата Академија. Во таа комуникација одговорната личност од Американската академија укажува дека фестивалската премиера на „Балканот не е мртов” не го спречува филмот да се кандидира за Оскар… Со задоволство ќе го поздравевме изборот на филмот „Соба со пијано” за овогодишен македонски кандидат и апелираме на смирување на страстите и донесување на решение кое ќе биде за доброто на македонскиот филм“.
{loadposition content9}