Отчет на општините за сработеното
Презентација на сите достигнувања што локалните власти во Македонија ги постигнале во текот на изминатата година, ќе се одржи во четвртокот во Скопје.
лого
Презентација на сите достигнувања што локалните власти во Македонија ги постигнале во текот на изминатата година, ќе се одржи во четвртокот во Скопје.
Настанот е организиран од Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС по повод четиригодишнината од трансферирањето на надлежностите од централно на локално ниво.Според најавата, на конференцијата ќе учествуваат сите градоначалници, претставници на локалната и централната власт и претставници на меѓународни организации.
Во рамките на конференцијата ќе бидат презентирани и резултатите од истражувањето за децентрализацијата во периодот 2008-2009 година, што го спроведе ОБСЕ.Предвидено е денеска да се одржи и Генерално собрание на ЗЕЛС, на кое ќе бидат презентирани досегашните достигнувања на ЗЕЛС и на локалните власти, а ќе се говори и за идните ставови во насока на обезбедување поголема финансиска стабилност.
{loadposition content9}