Skip to main content

Откажана претставата на Роберт Вилсон на „Охридско лето“

Откажана е претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет во режија на Роберт Вилсон закажана за 29 јули во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, соопшти дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.

logo
лого

Откажана е претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет во режија на Роберт Вилсон закажана за 29 јули во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, соопшти дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.

presПо посетата на техничкиот директор на претставата било утврдено дека техничките перформанси на Центарот за култура, ниту кој било друг затворен простор во Охрид, не се соодветни за прикажување на претставата и оти македонската публика не би ја видела со полн уметнички квалитет.

– Благодарејќи на великодушната покана и желбата за учество на „Охридско лето“, Роберт Вилсон со своја претстава ќе учествува на јубилејното, 50 издание на фестивалот, соопшти дирекцијата на „Охридско лето“. Американскиот и светски познат режиер беше најавен како ѕвезда во драмската програма на 49. „Охридско лето“.

Покрај откажувањето на ова гостување, годинашниот фестивал остана без уште еден голем сценски проект. Претставата на МНТ „Троил и Кресида“ од Шекспир во режија на Љубиша Ристиќ премиерно требаше да биде изведена вчера на градскиот плоштад во Охрид, но наместо таму, првата изведба на мегапроектот ќе биде утревечер во Куршумли ан во Скопје, а в четврток во Хераклеја во Битола.

Директорот на МНТ Сашо Миленковски на прес-конференција во петокот по повод утрешната премиера во Скопје соопшти дека „Охридско лето“ ги исполнило обврските, но општината како трет партнер не го испочитувала договорот.

– Никому ништо не откажавме. Ние ќе ја одиграме оваа претстава во Охрид кога ќе има поволна констелација. Градоначалникот вети, но човекот го снема, рече Миленковски и додаде дека покрај финансиите и „исполитизираноста“ е пречка за гостување на претставата во другите градови.

{loadposition content9}