©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Откриени 300 милиони тони бакарна руда кај Струмица

Според првичните рударско-геолошки истражувања, во близина на селото Иловица, општина Босилово, Струмичко, се откриени околу 300 милиони тони резерви на бакарна руда со задоволителен процент на злато во неа.

Bucim
Бучим
Според првичните рударско-геолошки истражувања, во близина на селото Иловица, општина Босилово, Струмичко, се откриени околу 300 милиони тони резерви на бакарна руда со задоволителен процент на злато во неа.

Со темпо на експлоатација што во моментот ја применува единствениот наш рудник за бакар „Бучим“ од Радовиш овие резерви би биле доволни за работа во наредните 70 години. Само за споредба сегашните резерви со кои располага „Бучим“ се проценуваат на седум до 10 години.

ruda„Под непосреден надзор на Американско-македонската фирма ФЕЛПС „Доџ – Вардар“ петгодишните истраги му беа доверени на експертски тим составен од македонски и бугарски рударски инженери. Според мислењата на некои домашни стручњаци, ова рудно наоѓалиште се уште докрај не е истражено и во иднина ќе треба да се направат дополнителни напори за уште попрецизно одредување на вкупните количини рудни резерви и на квалитетот на рудата, а во погоден момент, односно кога цената на бакарот на светските берзи ќе достигне оптимални вредности, може да се почне со подготовките за отворање рудник за експлоатација на бакар и злато од ова наоѓалиште.

Постојат идеи рудата од Иловица со специјална подвижна лента, како што е тоа случај со „Фени“ кај Кавадарци, да се транспортира до рудникот „Бучим“ каде што постојат капацитети за флотација и јаловиште. Покрај заштедите, истовремено со тоа би биле избегнати последиците од загадување со тешки метали на зеленчукот и на другото земјоделско производство во струмичкиот аграрен регион. Како што се проценува, вкупните почетни инвестиции за активирање на рудното наоѓалиште кај Иловица ќе изнесуваат од пет до шест милиони евра.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top