Откриени сторителите на петкратното убиство кај Смиљковци!
Приведени се 20 лица осомничени за масакрот кај Смилковското езеро, дел од нив директни учесници во грозоморното убиство.
Станува збор, како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за група од Скопје- следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници. Од приведените, некои се директно инволвирани во убиствата, за што има и материјални докази, но има и лица за кои нема податоци. Најголем дел од нив се македонски државјани.
При извршените претреси во 26 објекти во полициската акција „монструм“, пронајдено е поголемо количество оружје, а во тек е вештачење дали е користено во петкратното убиство. Според Јанкулоска главниот мотив најверојатно е нивната идеја за убивање во радикалниот ислам, а целта е да се созвдаде чувство на страв кај пошироката јавност. Министерката потенцира дека будно се следи безбедносната состојба во Македонија и дека полицијата делува превентивно, но и репресивно и дека нема посериозни промени. Утринава МВР спроведе една од досега најсложените операции поврзана со Велигденскиот масакр кај Смилковското Езеро. Премиерот Никола Груевски денеска беше на состанок во Министерството за внатрешни работи, пришто беше информиран за спроведената акција. На 13 април, Велики четврток, на брегот на езерото кај Смиљковци, свирепо беа убиени Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скоспкото село Црешево. Петмината, според досегашните информации на полицијата, убиени се од автоматско оружје од непосредна близина. Ден подоцна полицијата на 10 километри од местото на масакрот пронајде автомобил “опел омега“ за кој подоцна се потврди дека бил на местото на убиството и бил користен од убијците.
{loadposition content9}