Skip to main content

Откриен камион полн со рециклирана хартија и дрога од Косово, крајна цел била Турција

Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција. 
 |  инфодеск  | 

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи (МВР) и Царинската управа, во заедничка акција, откриле поголема количина дрога на граничниот премин Богородица. Според неофицијални информации, акцијата била координирана, а на преминот биле извршени детални проверки на камиони од страна на тимови на Царина и полиција.

Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција. 

Од Министерството за внатрешни работи и од Царинската управа засега не откриваат детали, но најавуваат повеќе информации во текот на денот.