Skip to main content

Отсега ќе знаеме колку пивото дебелее

Согласно новиот правилник за безбедност на пивото кој е на сила од минатиот петок, на амбалажата на пивото мора да пишува колку дебелее.

pivo
пиво

Согласно новиот правилник за безбедност на пивото кој е на сила од минатиот петок, на амбалажата на пивото мора да пишува колку дебелее.

На амбалажата на пивото, покрај процентот на алкохолот во овој пијалок, од што е произведено, дали е пастеризирано или не, задолжително ќе мора да биде наведено и колку дебелее.

Со новиот правилник за безбедност на пивото предвидено е во означувањето на пивото да има и податок за неговата енергетска вредност која треба да биде изразена во килоџули.

pivoСпоред стариот правилник, новата обврска беше задолжителна само за лајт пивата, односно оние кои се означени како диететски пива.

“Стаклената амбалажа со трајно втисната декларација ќе може да се користи најмногу до пет години по стапувањето во сила на правилникот, за метална, алуминиумска и композитна амбалажа до 18 месеци и за етикети и останата амбалажа, во која влегува и пластичната најмногу до 12 месеци од денот на влегување во сила на овој подзаконски акт“, појасниле за Вечер од Агенцијата за храна и ветеринарство. За да им искочат во пресрет на произведителите кои веќе имаат набавено поголеми количини на амбалажи и етикети ќе дозволат овие амбалажи да се искористат и по стапување на новиот правилник во сила.

Новиот правилник воведува и нови дополнителни категории на пиво, како јако, специјално или посебно пиво, деитетско и безалкохолно пиво. Оваа категоризација е направена според содржината на екстракт на основниот слад, како и според содржината на алкохол во пивото.

{loadposition content9}