Се отвори вториот македонски филмски фестивал во Лондон
Вториот по ред македонски филмски фестивал во Лондон почна синоќа со прикажувањето на филмот „Тоше – Д Хардест тинг“ (Toshe – The Hardest Thing).
Тоше Проески кон музиката и на подготовката и изработката на британскиот музички компакт диск на трагично загинатата македонска пејачка ѕвезда, јави дописникот на МИА од Лондон.
Како гостин на вечерта присуствуваше музичкиот продуцент на Тоше во Велика Британија Енди Рајт, кој по проекцијата на осумдесет минутниот документарен филм, снимен во Лондон, Скопје, на Јамајка и во Дубровник, како и на мегаконцертите на скопскиот градски стадион и во белградската Арена, кусо зборуваше за својата работа со македонскиот пејач.
Годинешнава смотра на македонскиот филм во британскиот главен град продолжува со филмот „Контакт“ на Сергеј Станојковски, една меланхолична и смешна љубовна приказна во која настапуваат Лабина Митевска и српскиот актер Никола Којо.ќ
Во текот на фестивалот британската публика и Македонците кои живеат и работат во Велика Британија ќе може да ги видат и филмовите „Среќна Нова 49“ на Столе Попов, „Солунските атентатори“ на Жика Митровиќ, снимен во далечната 1961 година и најновото документарно остварување на Киро Урдин „Вода и оган“.
Претпоследната вечер на фестивалот е посветена на македонскиот режисер Антонио Митриќески и на проекцијата на неговиот игран филм „Преку езерото“, како и на документарецот „Љубовта на Кочо Топеничаров“.
Фестивалот се затвора со филмот „Прасина“ на Милчо Манчевски, со проекција во салата на британската академија за филмска и телевизиска уметност, каде се доделуваат годишните награди за најдобри филмски и телевизиски остварувања, налик на амерканските Оскари.
Свеченото отворање на вториот македонски филмски фестивал се одржа во кино-салата „Принц Чарлс“, во центарот на Лондон, а фестивалот го прогласи за отворен Роберт Насков, претседател на филмските работници на Македонија. Организатор на фестивалот е културната група „Круг“ од Лондон и нејзиниот уметнички директор Весна Соколовска.
{loadposition content9}