Skip to main content

Паѓаат цените на лековите

Најголемо намалување на цените има за лекови што ги примаат болни од рак, оние со болно срце и крвни садови, со епилепсија.

apteka
аптека

Најголемо намалување на цените има за лекови што ги примаат болни од рак, оние со болно срце и крвни садови, со епилепсија. Поевтинуваат и антибиотици, антимикробни лекови, терапија против вируси, седативи, против ревма, како и лекови што дејствуваат на желудникот и на системот на варење. Речиси 900-тини илјади евра ќе заштедуваат граѓаните годишно со поевтинувањето на 752 лека, кое стартува од денеска.

aptekaПросечното намалување е околу 740 денари, но има и антибиотици кои при продажбата на големо се поевтини и за 15 илјади денари. Парите кои ќе се заштедат на овој начин, или вкупно 7 милиони и 460 илјади евра, ќе останат во здравствената каса и ќе се пренаменат за проширување на позитивната листа на лекови, што според најавите на министерот Тодоров ќе биде за неколку месеци.

Досега, тврди Тодоров сите фамацевстки компании ги прифатиле новите намалени цени на лековите и не најавиле повлекување на ниеден лек.


{loadposition content9}