Фев 15, 2024
ИЗБОРИ 2024
За избор на пратеници ќе се гласа на 8-ми мај во среда, а политичката кампања ќе започне на 18-ти април
Согласно Решението за распишување на Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, донесено од Претседателот на Собранието, Државната изборна комисија го донесе Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на изборите . Граѓаните за избор на пратеници ќе гласаат на 8ми мај во среда, а политичката кампања ќе започнува на 18-ти април.
Фев 14, 2024
Православен календар
Св. Трифун Чудотворец и покровител на земјоделците и лозарите
Свети Трифун е во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции.
Фев 13, 2024
РСБСП: Возете внимателно и одговорно за Свети Трифун и Валентин
Празниците се одличен повод за споделување на среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата.
Фев 12, 2024
Регулаторна комисија за енергетика
Од полноќ поскапуваат горивата
Според одлуката на РКЕ, горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат од половина до денар и половина за литар.
Фев 12, 2024
Државен завод за статистика
Бројот на туристите лани е зголемен за 20.6 % во споредба со предходната година
Во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на домашните туристите е зголемен за 0.6 %, а кај странските има зголемување за 36.6 %.
Фев 9, 2024
Министерство за економија
Ваучери за одмор од по 300 евра за семејства со ниски приходи
За ваучер за одмор во вредност од 300 евра, од понеделник во Министерството за економија ќе може да се пријават семејствата чиј месечен буџет не надминува 50.000 денари. Ваучерите ќе може да ги искористат надвор од сезона, во домашни туристички објекти кои се на листата на Министерството.
Фев 9, 2024
Започна дистрибуција на налепниците со ознака NMK
Иако првично беше предвидено налепниците да ги купуваат граѓаните по цена од 30 до 50 денари, сепак сега тие ќе бидат бесплатни за граѓаните на товар на МВР.
Фев 7, 2024
Комисија за заразни болести
Прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје предлага Комисијата за заразни болести
Фокусот се става на пополнување на пропуштената вакцинација против оваа заразна болест и во таа насока Комисијата препорачува забрана за прием во градинка на деца невакцинирани за Пертусис.








