Skip to main content

Јун 6, 2023
Државен завод за статистика
Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покачени за 13. 5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Јун 5, 2023
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за 1,00 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари по литар.

Јун 4, 2023
Православен календар
Денот на огнените јазици е само почеток на непрестајното излевање на Духот Божји на човештвото. Тоа е денот на огненото крштение на Црквата.

Јун 3, 2023
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации
Македонскиот сектор за рибарство и аквакултура е мал, но важен за земјата, со производство на риба од околу 2.500 тони годишно. Аквакултурното производство првенствено се сведува на видови пастрмка и крап, а се одвива во бари, реки и езера, се наведува во соопштението на ФАО.

Јун 3, 2023
Православните христијани денеска ги празнуваат Светиот цар Константин и Светата царица Елена и Задушница. Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“

Јун 2, 2023
Според онколозите за успешно лекување клучно  е навремено откривање на болеста,  преку редовните прегледи, ултразвук, скрининг и мамографија, кои се препорачуваат на сите жени после 25-тата година.

Јун 2, 2023
Управување со отпад
Администрациите на Унгарија и Австрија, преку твининг проект вреден еден милион евра, помагаат во хармонизација на европското и македонското законодавство за управување со отпад, но и во имплементацијата на законите. Потребна е силна општествена одговорност и на производителите и на потрошувачите, но и усогласување и обезбедување на услови за секоја и најмала општина за селекција, собирање и рециклирање на отпадот.

Јун 1, 2023
Нема продолжување на владините мерки за ограничување на цените
Надлежните уверуваат дека поскапувања на основните производи нема да има, а доколку има злоупотреба од страна на трговците, веднаш ќе бидат преземени соодветни мерки.